fbpx
нед. Окт 18th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

151 санкционирани возачи во Горно и Долно Лисиче

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Горно и Долно Лисиче изречени се вкупно 151 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 20 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, девет прекршоци на мотоциклисти… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.