fbpx
нед. Окт 18th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Од понеделник полициски час во пет градови во Црна Гора

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет градови во црвената зона според бројот на лица заразени со коронавирус, а одлуката за можно затворање на Подгорица ќе биде донесена откако ќе пристигнат резултатите од 200 примероци од Германија.

Од понеделник ќе се воведе полициски час од 22 до 5 наутро во Будва, Улцињ, Цетиње, Колашин и Жабљак од 22 до 5 часот наутро, а ќе има и затворање на училиштата, градинките и рестораните, изјави директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Бобан Мугоша во изјава на ТВ.

Тој додаде дека мерките се воведуваат бидејќи стапката на инфекција во тие градови е поголема од 800 на 100.000 жители.