Свет

Бајден кон Трамп: Секојкој има толку несериозен пристап кон вирусот не би требало да остане претседател

Во САД се одржа последната дебата помеѓу кандидатите за претседател, Доналд Трамп и Џо Бајден, тие дебатираа за борбата против Ковид-19, криминалот во земјата, даночните политики, како и за проблемите со илегалната имиграција.

Кандидатите за претседател се судрија околу ковид-19 и расизам на последната предизборна ТВ-дебата, разменувајќи и обвинувања за корупција и малверзации. Дебатата во Нешвил помина во поумерен и покултурен тон од првата, на која што двајцата претседателски кандидати се навредуваа и си упаѓаа во збор.

„Ова е огромна земја со огромна економија. Луѓето губат работа, се самоубиваат. Имаме депресија, алкохолизам и дрогирање какви што не се видени досега. Зошто уште повеќе да ѝ штетиме на економијата поради зараза од која повеќето луѓе заздравуваат? Вирусот заминува и вакцината ќе биде подготвена да крајот на годината“, кажа Трамп, додека Бајден предупреди дека САД ги чека „мрачна зима“.

„Ние не научивме да живееме со коронавирусот, ние умираме со него. Секој што е одговорен за толку многу умирања и има толку несериозен пристап кон вирусот не би требало да остане претседател“, му возврати Бајден.

 

На почеток