fbpx
саб. Ное 28th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување напред

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов, а притоа имаше интервјуа и настапи за повеќе медиуми, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Господинот Георгиевски се обиде да го објасни неговото мислење и позиција дека сепак во македонско-бугарските односи има напредок и стави посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо сепак има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од страна на нашите соседи.

Од страна на соговорниците беше потенцирано дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, дека не бараат нов посебен договор но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со посебен акцент на историската комисија.
Притоа на крајот се заклучи дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската унија, велат од ВМРО НП.