Македонија

Георгиевска: Договорот за добрососедство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик

Договорот за добрососедство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик, изјави пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска, одговарајќи на новинарско прашање за евентуално вето од Бугарија во преговорите со ЕУ.

„Со нашиот сосед, Република Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство кој патем да напоменам тој Договор е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите и меѓусебно да си даваме поддршка двете земји“, рече Георгиевска.

Во врска со темите коишто се дискутираат изминатиот период и кои произлегуваат од овој Договор за добрососедство, СДСМ изразува волја да ги решава преку работата на комисиите, за кои Георгиевска вели дека се надлежни да ги решаваат тие прашања.

На почеток