Македонија

Телеграма со сочувство од генералниот секретар Николовски до семејството на Амди Бајрам

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, од свое лично име и од името на СДСМ, упати телеграма со длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам, кој почина денеска на 64 годишна возраст.

„Со голема тага ја примив оваа жална вест. Изразувам искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам. Во овие моменти на тага сочувствуваме со Вас, за вашата загуба која знаеме дека не може да се надомести.

Амди Бајрам беше долгогодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија, наш коалициски партнер со кој имавме принципиелна соработка, кој учествуваше и во важните процеси за напредок на земјава.

Нека почива во мир!“, стои во телеграмата на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

На почеток