Македонија

Филипче најави прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во Штип и Струмица.

Тој рече дека болниците се преполнуваат, па се прават припреми за болницата во Козле и дополнителни капацитети за болицата „8-ми септември“. Во однос на штипската болница, министерот вели дека постои целосна координација и комуникација за префрлање на пациенти во болницата во Кочани. Во Струмица, пак, станало збор за отворање на новото крило на струмичката болница и надополнување на кадарот.

„Разговаравме постепено да се отвори новото крило на струмичката болница, кое е целосно опремено. За неколку дена може да биде ставено во функција. Таму има капацитет од 100 кревети, но кадарот треба да се распредели соодветно, за еден дел од пациените да бидат лекувани таму“, рече министерот.

Тој вели дека доколку произлезе потреба од ангажирање на уште повеќе кадар, ќе се пренаменат и другите болнички капацитети, не само во инфективните туку и во интернистичките одделенија, нешто што почнало да се практикува во болниците во Битола, Прилеп, Охрид каде пациенти се сместуваат на интернистичките одделенија.

Министерот потсети и дека се зголемени термините, но и бројот на тестови за Ковид-19. За време на викендот има дополнителни термини за тестирања, а вработените работат во три смени.

Тој потенцираше дека мерките коишто се сега на сила имаат за цел да лимитираат некаква форма на полициски час, понатаму лимитирање на бројот на контакти, носење на маски, избегнување на групирањето – сето тоа што може да значи намалување на трансмисија на вирусот.
На новинарско прашање, директорот на струмичката болница д-р Наке Гогов потенцираше дека првиот спрат од новиот крак на болницата поради потребата и итноста се пренаменува како ковид центар.
Во новиот крак во установата, условите ќе бидат подобри и ќе бидат сместени пациентите на кои им е потребно лекување, а персоналот ќе ни биде потребен и ќе се ротира персонал од другите специјалности.

„На инфективното одделение имаме 32 пациенти кои лежат и 20 пациенти кои се на домашно лекување – пациенти со полесна клиничка слика. Двајцата доктори и шестте медицински сестри имаат уште неколку денови имаат од изолацијата и лекувањето. Истата бројка е од пред недела дена. Во моментов, има слободни четири до пет кревети“, рече д-р Гогов.

 

На почеток