Коментари

Заев: Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам

Премиерот Зоран Заев се прости од поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам.

„Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам. Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа голема загуба. Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја.Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите“, напиша Заев на својот Фејсбук.

На почеток