Македонија

Филипче: Се спремаме и за праќање пациенти во странство, но се надевaм дека нема да дојде до тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека насекаде во Европа се праќаат пациенти од една во друга држава. И Македонија се спрема за такво сценарио, но Филипче се надева дека до тоа нема да да дојде.

Доколку дојде ситуација да е потребно да се ангажира уште поголем број на медицински лица, апсолутно дека ќе се пренаменат и другите болнички капацитети од интернистички одделенија. Во болниците Битола, Прилеп и Охрид веќе се сместуваат пациенти на интернистички одделенија. Можно е да се соочиме со ситуација кога и друг кадар ќе работи само со пациенти со ковид-19. Можно е да има период кога целокупниот останат програм ќе да се намали со цел целиот кадар да се посвети на лекување на пациентите со ковид-19. Насекаде во Европа дури и разменуваат и праќаат пациенти од една во друга држава. Се надевам дека нема да се случи такво сценарио, но и за такви моменти се спремаме, рече Филипче.

На почеток