Свет

(ВИДЕО) Земјотрес од 7.2 степени, ја отвори земјата на Аљаска

Силен земјотрес од 7,2 степена ја погоди Алјаска. Направени се бројни оштетувања, отворен и распукан е асфалтот, а поранешната гувернерка Сара Пејлин објави дека настрадал и нејзиниот дом.

Меѓу најпогодените е и зградата на локалната телевизија каде се целосно уништени студијата и опремата. Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтер беше на 12 километри од главниот град Енкориџ во 8,29 часот по локално време.

По силниот земјотрес биле почуствувани уште најмалку осум земјотреси со послаб интензитет. Годишно Аљаска ја погодуваат околу 40 000 земјотреси , повеќе отколку во сите други 49 држави во САД заедно.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток