Македонија

Членови на ВМРО-ДПМНЕ бараат од раководството на партијата да организира протести против власта

Адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Страшевски, денеска одржа прес конференција пред седиштето на опозициската партија на која на Христијан Мицкоски му даде рок од 7 дена за да организира и реализира, масовни протести на членството се до , како што рече,  падот на СДСМ и ненародната власт.

Тој побара да престане и поделбата на љупчовисти, грујовисти и мицковисти.

” Ако ова не го направи претседателот на ВМРО ДПМНЕ  тогаш ние членовите на ВМРО ДПМНЕ  ќе бидеме приморани сами да го повикаме членството на масовни протести против оваа влада и СДСМ,ви ветувам  од  денес нема да е се исто нема да има еден мирен ден за оваа ненародна влада, 7 дена се доволни за да се направи еден голем чекор напред”.

Страшевски потенцираше дека рокот од 7 дена не е ниту ултиматум, ниту уцена, ниту повод за нови поделби во ВМРО ДПМНЕ, туку се доволен  период, раководство на ВМРО ДПМНЕ  тргне во едно, според него, историско обединување не само внатрепартиско туку и сенационално обединување.

Видеото може да го погледнете на овој линк.

На почеток