Македонија

Јанчев за „Во Центар“: Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата, но некој нареди да не се продава

Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот и наши гласачи живеат дневно со по две евра, а ние да функционираме во палата каде еден кваратен метар од паркетот чини околу 500 евра, вели актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев во интервјуто за емисијата Во Центар. 

Тогаш предложив да ја продадеме Белата палата. Извршниот комитет на партијата го прифати мојот предлог и ме задолжи да ги почнам преговорите со Комерцијална банка и со некои бизнисмени кои би биле заинтересирани за купување на зградата.

Јас имав средба со директорот на Комерцијална банка, Хари Костов и требаше да најдеме овластена куќа која ќе изврши проценка на вредноста на Белата палата, вели Јанчев.

И тогаш почнуваат игрите и опструкциите внатре во партијата. Не можам да кажам дали тоа го нареди Груевски или некој друг но почнаа опструкциите околу продажбата на зградата.

Сега таа не може да се продаде, вели Јанчев, бидејќи со процесот Талир е замрзнат имотот на партијата. Но ако еден ден дојдам на чело на партијата веднаш ќе ја продадам Белата палата, вели тој.

Во интервјуто за емисијата Во Центар, Митко Јанчев зборува за тоа какви му се односите со Вице Заев. За Сашо Мијалков. За средбата со Зоран Заев во хотелот Сириус. За тоа каде завршија акциите на Христијан Мицкоски во малите хидроцентрали.

 

извор: Во Центар. 

На почеток