Македонија

Се огласи и Арсовски за протестот пред ВМРО ДПМНЕ, еве што вели …

Легендата вели: Секој оној кој што закажува протест околу полноќ, според сите светски параметри 94,9% се одложува и не се одржува или е неуспешен и не ја постигнува целта (целта сигурно нема да биде постигната). Велат дека утрото е попаметно од вечерта, се размислувало со трезвена глава и тоа било причината за точноста на легендата, напиша на својот ФБ профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски во својата објава додава:

Се плашам дека ова може да стане лоша пракса, од причина следна: Обичен граѓанин, оди во продавница пред полноќ, купува продукт, не му се допаѓа амбалажата и закажува протест пред седиштето на фабриката која го произведува. Одма тука настанува проблем на јавно мнение.
На пример, може и да се протестира заради загадувањето, од причина што од што е презагадено, може да не го најдат седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, така би биле поуспешни. Исто може да се протестира и за корона пандемијата, ама за овие два протести најверојатно нема одобрение од екипата која славела во Банско.
П.С.: Сигурно била јака частовка и јако главење, штом две и пол години ги држи атмосферата, напиша Арсовски на ФБ.

 

 

На почеток