fbpx
саб. Ное 28th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Jанчев го откажа протестот, вели во консултација со комисијата за заразни болести

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев го чека одговорот од Комисијата за заразни болести дали може да организира протести во време на коронавирус. Тој за News1 вели:

-Протестот е на некој начин одложен, во консултација со комисијата за заразни болести. На наше барање. Побаравме мислење од нив. Децисно ни беше кажано. Ние го прифативме тоа. Во време на пандемија и подем на вирусот, недозволиво е да се прави масовен собир, затоа што ние не можеме да исконтролираме и да ограничиме колку луѓе ќе има. Ќе продолжиме со прес конференции и повици за оставка од Мицковски, вели Митко Јанчев за News1.

Александар Пандов пак, претседателот на новоформираниот патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, го предупреди Јанчев, дека на најавениот протест во понеделник ќе донесе партиски членови во исто време и во исто место за време на протестот пред партиското седиште во Скопје, за како што нашиша на ФБ да му кажат членовите што мислат за него. За овој контра протест Јанчев вели:

-Пошто Пандов е шеф на патриотскиот иснтитут би искоментирал дека е една первезна работа, една ниска долна работа, каде некој повикува на протест, а од друга страна се прави контра протест. Тоа мисалм дека е комплетно неоправдано во една демократска земја. Но тоа е нивното достоинство и нивниот начин за работа кој го имаат и затоа се таму до каде што се, истакна Пандов за News 1.

Разговорот со Митко Јанчев може да го слушнете на овој линк.