Скопје

Град Скопје почнува со реконструкција на универзална сала

Универзална сала ќе се реконструира во постојната големина и со постојниот изглед. Град Скопје со ребалансот на државниот буџет кој е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, доби 2 милиони евра за реконструкција на концертната сала. Веднаш по префрлањето на парите на наменска сметка, ќе се распише тендер за изведувач и кон крајот на годинава ќе стартуваат градежните работи, објави sdk.mk. 

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека со реконструкцијата Универзална сала ќе ја задржи својата автентичност.

„Нема да се врши доградување, ниту надградување бидејќи од Асоцијацијата на архтекти на Македонија кажаа дека на постојната локација поголем објект не може и не смее да има. Ќе се реновира внатрешноста и надворешноста на објектот и наесен догодина ќе биде спремен за концертнатата сезона“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Летово, Град Скопје распиша конкурс за идејно решение за парк на местото на Универзална сала, а нова концертна сала беше предложено да се гради на нова локација.

Текстот во целост на: sdk.mk. 

На почеток