Скопје

Обвинение за извршени две разбојништва во аптеки во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Имено, обвинетиот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата од каде одзел 4.430 денари и побегнал.

На 14 септември, пак, на истиот начин, одзел 16.150 денари од аптека на булеварот „Св. Климент Охридски“. Потоа се обидел да го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Обвинетиот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото кое му се става на товар​

На почеток