Коментари

Филипче: Носењето на заштитна маска на лицето станува задолжителна, но потсети и кога немора да имате на себе

Носењето на заштитна маска на лицето станува задолжителна за граѓаните. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично. Граѓаните ќе треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично.
Мерката нема да важи при:
✅ Спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита;
✅ Возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее
✅ Престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита
✅ Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.
За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Тие се единствените мерките кои може да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го сочуваме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.

На почеток