Македонија

Спасовски пренесен на Инфективната клиника

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој со брза помош бил спроведен во болницата бидејќи претходно качил висока телесна температура. Од МВР велат дека е во стабилна состојба.

„Министерот од вчера е на Инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна“, велат кратко од МВР.

Спасовски позитивен резултат на тестот на коронавирус доби пред два дена. Тој објави дека има благи симптоми и дека е во домашна изолација.

На Инфективната клиника хоспитализиран е и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој исто така е заразен од коронавирус.

 

На почеток