Македонија

Се наполни и монтажната болница во Скопје со пацинети инфицирани со коронавирус

Монтажната болница до Инфективната клиника е скоро полна со болни, па сега новите пациенти ќе се примаат на Клиниката за неврологија и Кожна клиника, а дополнителни болнички легла треба да обезбедат и интерните клиники.

„Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники, на списокот на лекари и медицински сестри се сите вработени од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, на располагање се става Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за неврологија и Клиниката за дерматологија а дополнителни болнички легла ќе има во рамките на повеќе интерни клиники. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот на располагање. Дополнителни легла се спремни и во болницата ‚8 Септември‘. Значи и болнички легла има доволно и кадарот е спремен да работи со пациенти со ковид“, истакна Филипче.

 

На почеток