Македонија

Рамбабова: ВМРО-ДПМНЕ остави само 5 возила за брза помош во Скопје, сега има 14 нови амбулантни возила, нова опрема и нови ЕКГ апарати

Пандемијата со ковид-19 зема замав ширум Европа, расте бројот на инфицирани граѓани и кај нас, а со тоа расте и притисокот врз здравствениот систем и здравствените работници. Доброто менаџирање со кризата досега е резултат на повеќе фактори. Професионалниот и стручен лекарски кадар, управувањето со здравствениот систем, навремено преземање мерки за заштита на населението, но, и на подобрените услови за работа, вложувањата во здравството, во медицинскиот персонал, истакна на денешната прес конференција Емилија Рамбабова, пратеничка на СДСМ.

Хаосот во здравството што го остави ВМРО-ДПМНЕ по 11 годишно запоставување и девастирање на здравствените институции и негрижата за здравствените работници го променивме за само 3 годии.

Деновиве кога ги слушаме ВМРО-ДПМНЕ како зборуваат за здравството, во интерес на јавноста и вистината сакаме да потсетиме за хаосот што го остави оваа партија.

После 11 години ВМРО-ДПМНЕ во Скопје остави само 5 исправни амбулантни возила за итната медицинска помош и 2 неисправни. Поради нередовно одржување откажаа уште 3 возила.

Замислете, брзата помош во главниот град и околината ВМРО-ДПМНЕ ја остави само со четири возила. Целиот град Скопје со околината, вклучително и за автопатите Скопје-Велес, Скопје-Куманово.

Цели 10 години ниту еден ЕКГ апарат не бил набавен, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ здравјето не било важно туку спомениците.

За само 3 години, откако министерот Филипче и СДСМ управуваат со здравствениот систем обезбедени се 14 возила за итна медицинска помош, 13 целосно нови и едно половно.

За само три години набавени се нови 13 ЕКГ апарати за итната медицинска помош, додека ВМРО-ДПМНЕ за 10 години не набави ниту еден.

Обезбедени се униформи за целиот персонал и заштитна опрема, УВ лампи за дезинфекција, ранци со санитетски материјал, наменети за непогоди, батерии за радиостаници, итната медицинска помош е дополнета со дефибрилатори, редуцири на апаратите за кислород.

Објектот на итната медицинска помош, кој беше оставен на забот на времето сега е во фаза на обнова со поправена водоводна инсталација, подобрени услови за вработените.

Бидејќи цели 11 години никој од ВМРО-ДПМНЕ не се сетил дека „брзата помош“ мора да работи и кога нема струја, набавивме агрегат за централата 194 а поставена е и нова телефонска централа.

Е тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ кој остави хаос и руини во јавното здравство, СДСМ преку инситуциите што ги предводи обезбедува сериозни инвестиции во здравствениот сектор и вложува во она што е најважно – здравјето на граѓаните, истакна Рамбабова.

На почеток