Македонија

Лидија Димова ги одбегна новинарите, судот одлучува дали ќе ѝ го земе пасошот

Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, ги избегна камерите и новинарите, без да даде одговор дали навистина сторила злоупотреба на европски фондови, за што ја товари Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Таа од судот излезе со нејзината адвокатка, која на прашањата за Димова, одговори: „Во друга пригода”.

Одлуката за дали Димова ќе има мерки на претпазливост ќе биде донесена денеска од судија на претходна постапка.

На почеток