Свет

Американски адмирал пронајден мртов во својот стан

Командантот на поморските сили на САД на Блискиот исток, адмирак Скот Стерни е пронајден мртов во својата резиденција во Бахреин, соопшти командата на Морнарицата на САД.

Стерни беше конандант на Петтата флота на американската морнарица, чија што база беше во Бахреин.

„Поморската служба за кривична истрага и бахреинското Министерство за внатрешни работи соработуваат и истражуваат, но во овој момент не постојат индиции дека смртта кај адмиралот настапила насилно“, изјави адмирал Џон Ричардсон, командат на поморските операции.

Скот Стерни 20 години служеше во морнарицата , а порано бил пилот на борбен авион.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток