fbpx
чет. Ное 26th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Во Штипската болница починала 55-годишна жена, имала пет негативни тестови, а погребана е како почината од КОВИД 19

На Инфективното одделение во Штипската болница починала 55-годишната штипјанка Ругмин Хусеинова, иако имала пет негативни тестови, била водена како пациент со КОВИД, објави СДК.МК.

„Мајка ми ја погребавме како почината од ковид-19. На Инфективно три дена ја третирале како болна од коронавирус, а сите пет тестови што ги направиле биле негативни. Таа имаше малаксаност и беше поспана. Матичниот доктор ни даде упат за Инфективно, каде ѝ беше измерена телесна темпаратура од 36, 1, ама кога веќе сум ја донел рекоа дека ќе ја примат како да е заразена од коронавирус и така ќе ја третираат“, вели нејзиниот син кој се сомнева во дијагнозата.

Од Центарот за јавно здравје велат дека белодробната пневмонија се третира како коронавирус и причината за смртта се смета како да е од ковид-19, а од Клиничката болница велат дека пациентката била во сериозна состојба каква што ја имаат болните од коронавирус.

Текстот во целост на: СДК.МК.