fbpx
пет. Ное 27th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Утре голема акција за чистење на Лисиче

Комуналните служби на Општина Аеродром утре започнуваат акција за чистење на реоните населба Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булевар „Февруарски поход“. Во акцијата ќе биде вклучена целата расположлива механизација на општината: 50 работници, 9 рачни машини за чистење и дезинфекција на јавни површини, 2 возила за метење, 2 камиона, 3 ѓубретарки и механизација за чистење депонии.

Во акцијата ќе биде опфатено чистење на комуналниот отпад од јавните површини, метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на дивите депонии.
Во акцијата ќе бидат вклучени и новите машини за чистење во рамките на новата реорганизација на комуналната служба, како и новиот оперативен план за чистење на општината.

Ваквите акции за чистење ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на општината.
Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот во услови на пандемија и зголемено загадување.