fbpx
пет. Ное 27th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

СЗО со препорака: Во моментов нема докази дека ремдесивир ги зголемува можностите за преживување на пациентите

Светската здравствена организација (СЗО) издаде условена препорака против употребата на ремдесивир кај хоспитализирани ковид-пациенти, без оглед на сериозноста на болеста. Според нив во моментов нема докази дека овој лек ги зголемува можностите за преживување на пациентите, стои во објавата на веб-страницата на оваа организација.

Доказите не покажуваат некој значителен ефект врз смртноста, потребата од механичка вентилација, како и времето за клиничко закрепнување, велат од СЗО.