Коментари

Излечен од КОВИД 19 искуството го сподели на ФБ: Дечки, не е ова вирус туку ЛАМЈА!

По скоро 3 недели Ковид голгота, добив негативен тест. Па пошо не сум член на “Машки домаќински муабети”, “Совети за Ковид 19” и слични групи, моето искуство ќе го споделам тука.

Дечки, не е ова вирус туку ЛАМЈА! Воглавно бев со полесни симптоми, а се започна со силна мускулна болка, проследена со главоболка и кога следните 2 дена во кои бев драстично подобар и за моменти помислував дека не било ништо односно ми паднал притисок или некојаси краткотрајна настинка, започна повторно влошување проследено со ринитис, почеток на губење на мирис, вкус, суво грло, малаксаност, а следниот ден буквално се осетив како да ме прегазил воз, што веќе беа доволно причини да се самоизолирам. Уште веднаш исконтактирав со матичен лекар, му ја објаснувам состојбата, вика да, вирусот е, доколку не се влоши состојбата, односно не пројавиш покачена температура, седи дома! Викам па како? Нешто решение за изолација, тестирање да знам точно на што сум? Ништо вика, тотален хаос е во здравството, не можам да ти закажам тестирање, доколку не можеме да потврдиме контакт не може ни да се издаде решение за изолација, па види ако можеш снајди се сам да си договориш во ЦЗЈЗ да те тестираат, или пак да најдеш инфектолог да ти пиши упат за експресно тестирање.

Одам во ЦЗЈЗ цел наоружан со КН95, визир капа, викам влошена ми е состојбата, скоро и 100 % ми е загубен мирисот, потребно ми е веднаш да се тестирам! Ништо вика дечко, џабе ти е, нема тестови, еве ти бројче, ќе си се јавиш па ќе си почекаш колку што ќе ти кажат, тестот ќе биде на приватно штом е по своја иницијатива, инаку да знаеш ми вика може и матичниот да те закажи. И викам сега што, дајте ми нешто решение за изолација да бидам на чисто! А вика, тоа ние не можеме, барај си го матичниот. Што треба сега да правм викам, со симптоми ли да се шетам? Си заминав. После ова, се обидов на вториот начин, односно одам на клиника да барам инфектолог, кога пред влезот, редица се чекаше како пред банка кога ќе пуштат пензии! Тоа постари луѓе едвај дишат, припаѓаат со симтоми, молат за да ги примат, обезбедувањето за жива глава не ги пушта внатре!

“Така ни е наредено, ќе си чекате”. Одам дома, се јавувам повторно кај матичниот објаснувам и повторно барам од него да пробаме да најдиме можност за тестирање и повторно ист одговор, вика не можам да ти закажам! Спуштив и со денови како лудак по неколку пати дневно ѕвонев на бројчето што ми го дадоа во ЦЗЈЗ, одговор ни за жива глава, за после 5 ти ден да кренат и да ми закажат тест за по 8 дена. Им викам невозможно е, па до тогаш ќе го прележам, веќе помина повеке од недела дена од појавата на симптоми. Што да правиме дечко вика, тоа е ќе си чекаш. Сакам да кажам, иако веќе многу пред мене тоа го кажаа! Сум бил и дел од здравствениот систем и многу добро тоа го знам, со глава тврдам дека ниту во нормални услови не е ништо под контрола, така да немојте да верувате во оние банални и тривијални изјави на Филипче и неговите ботови кои му аплаудираат, дека СЕ Е ПОД КОНТРОЛА, тотален колапс е дечки и се е надвор од контрола, односно ниту државниот апарат нешто контролира, ниту здравствениот систем!

Доколку дојдите во ваква ситуација, трегнете од тоа дека никој не стои зад вас и сте оставени на самите себе, за да не лутате како јас. Филипче во моментов е во улога на политичар и мора да дава такви изјави, а ако не се убедивте во изминативе 30 години дека политичарите лажат, јас воопшто немам намера да ве убедувам. Се сеќавате на оние несреќни изјави кога бараше гласови за време на изборната кампања за успешно да продолжел да ја менаџира пандемијата.

Види бога ти, многу успешно ти оди! Останатиот период се до тестирање останав дома, сам во 4 ѕида со парацетамол во прашок и витамин Ц. Состојбата се менуваше, но вирусот од она што можев да проценам не се спушти никогаш надолу, односно остана во горниот респираторен систем. Така што немав поголеми проблеми со дишење, температура и сл. И совет за вас асимптоматски или со лесни симптоми. Не читајте секоја една будала што отворила портал и што презема секакви пропагандни глупости дека сумамед, панцеф или било кој антибиотик се зема превентивно, не се тоа тик так бонбончиња, во телото постои нормална микро флора која се бори против инфекции, антибиотикот уништува се, така што може само да ја искомплицирате работата! Затоа постои наука, затоа постојат луѓе како Вело, Никола Пановски, кои цел живот го посветиле на ова, затоа постојат и микробиолози кои подготвуваат антибиограми. Така што и во тешки случаи не може од ракав да се тврди дека секаде ќе делува Сумамед. Немојте да лупате пари за бетаглукани и имуно стимулатори! Веќе е доцна за билдање на имунитет, тоа ти е ко на зарибана кола да дотураш бензин. Тие што се потешки случаи, доколку имаат пари, итно во приватна клиника, рачунајте дека немате врски како некој си таму функционери или тие неколку пратеници што итно им најдоа кревет во преполна Инфективна Клиника. Чекањето чини живот. А вас ќе ве остават да умрете и само ќе бидете заведени како статистика!

Во периодот кој што следеше, оставен сам на себе, да бев не одговорен можев комплетно да се шетам на секаде и рачунајте дека има, ако не илјадници, стотици случаи како мене кои се вртат наоколу, по маркети, продавници, кафичи, одат на работа….. Буквално на секаде ги има и воопшто не се ни тестираат откако ќе добијат одговор од институциите каков што добив јас. Статистиката која ја гледате е ирелевантна, односно моќта на здравството ни е толкава што бројот на дневно ниво сигурно би бил барем 10 пати поголем доколку навремено успеат да ги тестираат сите што ќе се пријават.

Да резимираме, следете наука, сега имате широк дијапазон на информации. Не читајте секаква пропаганда дека вирусот растел на пластика, се размножувал на железо и слични глупости. Носете маски и избегнувајте контакти, тоа е најбитно.

На почеток