Македонија

Филипче на средба со сопствениците на приватните болници: Начинот на користење на ресурсите ќе биде договорен во недела

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“. РАзговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.

Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работоат тимовите од МЗ и приватните болници.

На почеток