Коментари

Тасевски: А, ти блебеташ за легализација на ганџа која, ќе мора сите да ја купуваат само од тебе

Актерот Сашо Тасевски ја коментира најавата на премиерот Зоран Заев за декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места, пти што истакнува дека сега е најнепогодно време да се зборува и да се работи на таков проект.

Како што вели Тасевски, само психопати може да размислува за легализација на марихуаната кога секојдневно умираат по триесетина луѓе и кога здравствениот систем е во колапс.

Ете, бомбона држава направија, па остана уште марихуаната да ја легализираат.
Е тоа е симптом на психопатија.

По триесет луѓе да ти умираат дневно од ковид.
Здравствениот систем да ти е на респиратори, во длабок колапс.

Да ти се заканува асимилација на народот којшто го водиш, зашто ко теле си ветувал по комшии и ридови и долини, без грам мозок за последиците од тоа.
А, ти блебеташ за легализација на ганџа која, ќе мора сите да ја купуваат само од тебе.
Браво.

СДСМ да ви кажам нешто, не знам дали сте свесни. Штом паднете од власт, ставете си клуч на партијата. Нема веќе да постои таква будала која ќе гласа за вас. Ја посравте до гуша – коментира Тасевски.

На почеток