Коментари

(ФОТО) Вандализам во Куманово: На подлога од школско игралиште испишано “Албанија” и нацртано срце

Уште целосно ненаправено, уништено од страна на несовесни и неодговорни.
Тартан гумената подлога на надворешното игралиште во техничко училиште Наце Буѓони во Куманово е уништено од страна на вандали во текот на вчерашниот ден веднаш по неговата изведба.


Само да потсетам оваа училиште од кое излегоа над шеесет образувани генерации оваа година доби и нова училишна спортска сала, дали така се однесувате и за сопствениот имот?
Оваа година општината и училиштата од заштедите кои што се направени во образованието поради намалените трошоци средствата ги инвестира во подобрувањето на условите во училиштата (реконструкција на три спортски игралишта со тартан подлога и нова опрема, реконструкција на санитарни јазли, репарација на кровови и спортски училишни сали, набавка на смарт табли и други технички помагала и др.), во училиштата не е вложувано со децении и повеќе од неопходно е да создадеме подобри услови за младите генерации.
Дали со вакво однесување на поединци ќе успееме во тоа, дефинитивно ДА…
Ќе ве пронајдеме кои и да сте, ќе одговарате а ние ќе продолжиме да работиме!
Го осудувам овој вандализам, мораме сите заедно и одговорно да го сочуваме заедничкиот имот, апелирам до надлежните да ги пронајдат и санкционираат сторителите!

На почеток