Три малолетни девојчиња од Македонија во периодот од 2019 до 2020 година биле првин демнети на Фејсбук, а потоа станале жртви на демначот кој ги силувал повеќепати. Демнењето во нашите закони никаде не е спомнато и затоа се случува секому. Секој може да ве следи физички, но и онлајн, што е во страшен пораст во светот. Тоа секогаш е со некаква цел, праксата покажува дека покрај вознемиреноста и стравот, жртвата трпи и многу потешки последици, Објави sdk.mk.
„Првата жртва била контактирана од страна на осомничениот преку социјалната мрежа Фејсбук. Осомничениот ѝ испратил порака дека за неа има слики со компромитирачка содржина, со закана дека ќе ги сподели јавно и со нејзините родители ако не се сретнат. За време на средбата, осомничениот со закани и наредби, ја принудил да се соблече и навистина ја фотографирал жртвата без облека. Потоа со закани и уцени во наредните три месеци постојано ја принудавал да се гледаат, кога и ја принудувал на сексуални односи, во спротивно ќе ги објавел фотографиите. Истото однесување, односно истиот начин на сторување на кривичното дело е пресликан и со втората и со третата жртва. Жртвите се фотографирани од страна на сторителот, извршена е обљуба и под закани и уцени и по извршување на кривичните дела, се принудувани да се гледаат со сторителот“, велат од Македонското здружение на млади правници, кои го работеле овој случај.
Демнењето, кривично дело кое досега го немаше во ниту еден наш закон, за првпат влегува во новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Демнењето се забранува, а тој што ќе демне и следи некого ќе се соочи со казна затвор до 3 години. Ако бил(а) во љубовна врска или во брак со жртвата, казната што се предвидува со измените на Кривичниот законик, е до 5 години затвор.
Текстот во целост на: sdk.mk.