Свет

Од корона денеска починал и расчинетиот српски владика Артемије

Поранешниот епископ рашко-призренски Артемије починал денеска како последица од ковид-19, пишуваат српските медиуми.

Тој починал денеска во 85. година од животот во болница во Ваљево, пишува „Данас“.

Артемије (Марко) Радосављевиќ бил роден 1935 година, се замонашил во 1960 година, а теолошкиот факултет го завршил во Атина, каде што и докторирал.

За епископ бил избрав во 1991 година. Таа должност пред него ја обавувал патријахот Павле.

Бил исклучен од Саборот на СПЦ пред десет години, а пред неколку години и од Црквата, поради мартеријалното водење на фининсиите во црквата.

To Top