Македонија

Подготовка на терен за поставување на модуларен КОВИД центар во Битола

Со цел интервентно да се одговори на потребите за здравствени капацитети и да се овозможи организација на просторот, во рамки на парцелата на Клиничката болница се работи на подготовка за поставување на модуларен Ковид центар. Овој проект се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола.

Општина Битола максимално е вклучена во реализацијата на Проектот за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничката болница во Битола. По изготвувањето на планската документација од страна на општинските служби, се вклучи и во расчистување на теренот со учество на механизација на јавните претпријатија и е целосно подготвена за изведба на рамнење на теренот.

Целта на Ковид центарот ќе биде обезбедување на дополнителни капацитети за прием и тријажа на ковид пациенти и проширување на моменталните капацитети на Клиничката болница во Битола.

Истиот се состои од 3 модуларни градби, од кои две модуларни градби што содржат интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

Овие модуларни градби, се монтажно-демонтажни градби со едно ниво (приземје), со приближна површина околу 1000м2, се поставуваат на бетонска подлога, во рамки на дворно место на јавни здравствени установи, со приближен капацитет на стационар од 90 кревети.

На почеток