Свет

Во Белград убиен познат бизнисмен

Познатиот српски бизнисмен, Владо Поповиќ, сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници, е убиен синоќа во Белград. Група маскирани лица упаднале во кафулето во кое тој седел и испукале повеќе рафали кон него. Во нападот е повредени и едно 23-годишно момле, гостин во кафулето, објавија српските медиуми.

По убиството на белградскиот бизнисмен познат под прекарот Влада поп, полицијата почнала акција „Виор“. Според пишувањата на белградските медиуми, Попович лани бил уапсен поради изнуда на 110.000 евра, а дел од медиумите го поврзуваат и со познати припадници на белградското подземје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток