Македонија

Пациент од струшко ја обелодени терапијата според која ќе добиел труење со медикаменти –

На пациент во струшко воден од интернист, кој имал коронавирус, препишана му е терапија што доколку ја примал како што му била дадена, ќе настанело труење со медикаменти. Ваквото препишување на долг список лекарства без потреба, бил стандарден во овој регион, каде смртноста споредено со останатите делови од Македонија е трипати повисока од просекот. Оттука се поставува и прашањето, дали несоодветното препишување лекарства е причина за високата смртност кај нас. Случајот го објави доктор Никола Пановски, професор на медицинскиот факултет, откако претходно со неговото мислење се согласиле и други врвни стручни медицински лица, матични лекари и професори, објави slobodenpecat.mk. 

Пациентот кој бил на домашно лекување, а не во болница, добил препорака од интернист, а потоа и рецепти од матичниот лекар да си купи лекови во преголеми количини и во несоодветни комбинаци и за среќа не ги земал по препораката и не дошло до труење. Препишано му било да зема три антибиотика одеднаш, Панцеф 10 дена, Сумамед 6 дена и Моксирал 10 дена. Не само што лекување со три антибиотика одеднаш е несоодветно, туку и времетраењето на терапиите било двојно!

Освен оваа комбинација на пациентот му биле препишани ампули Неваксон, Аминофилинум, Новалгетол, Урбасон, Фамотидин, да ги прима двапати дневно во инфузија, клексан и уште три суплементи во таблети.

– Пациентот ги купил сите лекови за 7000 ден, за среќа налетал на мои совесни колеги кои го пратиле на друг интернист и избегнато е труење со медикаменти. Се работи за регион во Македонија каде смртноста од Ковид е три пати повиска од просекот кај нас, а ова била стандардна терапија. Како стручен за антибиотици нагласувам дека Сумамед се пие 3 дена, никогаш не се комбинира со Моксирал, спектарот им се преклопува, а инаку во случајов нема индикации за антибиотик, нема пневмонија. За другите лекови нема да коментирам, само не ги разбирам зошто се дадени освен клексанот. Пред се, не прави штета, вели доктор Пановски порачувајќи и на Лекарската комора, на Министерството за здравство под итно да преведат протоколи за ковид-19 и да ги објават.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

На почеток