Системот Мој Термин, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во однос на матичните лекари, нешто за што во последниот период имаше многу прашања во однос на начин на третман на пациентите. Функционира истиот систем којшто функционира со години наназад, а тоа е дека прва инстанца на којашто се јавуваат е матичниот лекар којшто прави проценка на здравствената состојба. Индицира одредени анализи и врз основа на состојбата препишува терапија. До овој момент нема терапија специфична за ковид-19 вирусот никаде во светот. Нема ниту еден лек којшто е потврден да биде специфичен којшто е за оваа болест,“ кажа министерот.
Тој кажа дека денеска почнува постапката за набавка на брзи тестови, а во меѓувреме 20 илјади тестови стигнале како донација, 13 илјади се веќе поделени и се користат во повеќе здравствени установи во нашата земја.