Македонија

Нефи Усеини не е повеќе советник во општина Охрид

Нефи Усеини поднесол оставка од позицијата советник во општина Охрид.

На седницата закажана за 4 Декември веќе е поставена како прва точка на дневен ред, Предлог- одлука за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.

Причините за оставката на Усеини засега не се познати. Дали станува збор за политички или бизнис интереси останува да видиме.

Зад името на Усеини, кој стана советник во 2017 како носител на листата на албанските парти, се голем број скандали. Периодов е актуелен поради судското рочиште за нападот врз Спирко Топаловски, а кое никако да започне откако и третото рочиште беше одложено, бидејќи токму Усеини бил позитивен на Ковид-19.

На почеток