Актуелно

СДСМ: Дрскост и лицемерие е Мицкоски да го цитира Славко Јаневски, кога неговта ВМРО-ДПМНЕ срамно го лустрираше

Откако ги навреди граѓаните и кажа дека Македонците се хистеричен народ, Мицкоски сега се обидува да им препише и амнезија. Мицкоски денеска бесрамно и дрско го цитираше великанот Славко Јаневски, чија лустрација, партијата на Мицкоски во 2013 година ја нарача и поддржа, се вели во соопштението од СДСМ.

Тие во истото додаваат:

Процесот на лустрација кој ВМРО ДПМНЕ го злоупотребуваше за пресметка со неистомисленици и обезвреднување на еден историски период, го зафати и Славко Јаневски, авторот на првиот роман напишан на стандарден македонски јазик.

За лустраторите кои работеа по нарачка на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, не беа важни ликот и делото на починатиот Јаневски за да го прогласат за полициски информатор на тајни југословенски служи, без да го има основното човеково право да се одбрани.

Каква е таа дрскост на Мицкоски да ги изговара стиховите на Јаневски еден од основоположниците на современата македонска книжевност, откако со неговото ВМРО-ДПМНЕ му нанесоа толку голема неправда и болка на неговото семејство.

Мицкоски е осамен во неговата хистерија, во сопствениот очај, дефинитивно е без срам и перде и должи извинување и на македонскиот народот и на семејството на Славко Јаневски.

Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата.

На почеток