Свет

(Видео) Убиен шефот на Иранската нуклеарна програма

Шефот на иранската нуклеарна програма за вооружување, Мохсен Фахризад, е убиен во близина на Техеран, пренесува „Ројтерс“.

Фахризад починал во болница каде бил пренесен, потврдиле од иранското Министерство за одбрана. Тие нападот на научникот го нарекле терористички акт.

Првите информации кои стигнале, биле дека тој бил убиен, но новинската агенција „Фарс“, навела дека тој бил префрлен во болницата во Техеран, каде им подлегнал на повредите.
Докторот Мохсен Фахризад, професор по физика и офицер во Иранската револуционерна гарда, бил означен од страна на премиерот на Израел, Бенџамин Нетанијаху, за директор на нуклеарната програма за вооружување“, пренсе весникот Times of Izrael.

На почеток