Македонија

Вечерва Скопје потона во смог и магла, мерки против аерозагадувањето има во Тетово, Куманово и Кавадарци

Вечерва повеќе општини во Скопје се гушат во смог и магла. Мерните станици регистрираат високи вредности на загадување во Лисиче, Карпош и Гази Баба.

Присуството на штетните ПМ 10 честички исто така се на високо ниво. Поради тоа Владата донесе одлука за стапување на сила на неколку мерки во Тетово, Куманово и Кавадарци, но не и во Скопје иако ситуацијата е алармантна и во главниот град.

Покрај Скопје веќе неколку дена со виолетова боја која покажува  висока загадувачка супстанца со највисока концентрација се и Тетово, Куманово, Кавадарци.

Од Владата велат дека според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот, прагот на алармирање за ПМ 10 честички, со надмината вредност од 175 мг/м3, е надминат во изминатите два последователни дена во овие три града, поради тоа само за нив важат мерките.

Должности на МЖСПП и МЗ

  • Да препорачаат на сите работодавачи  да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
  • Да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.
  • Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено во овие три градови
  • Да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

 

 

На почеток