Македонија

Шекеринска: Глас за Николов е глас за продолжување на успешните политики, за модерен Штип

Навистина ми е задоволство што денеска сум тука во центрот на истокот во Штип да дадам целосна поддршка, но и да ги повикам сите грѓани на Штип да ја искористат шансата на 13 декември да го дадат Штип во сигурните раце на нашиот почитуван професор, доктор и хирург којшто секогаш работел во полза на Штип и помагал на огромен број, не само на штипјани, туку и граѓани на државата од целиот Исток, истакна  Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Шеќеринска додаде дека гласот за Николов на 13 декември значи глас за поддршка на грижа кон Штип и кон потребите на штипјани. Тоа е глас за реконструирани училишта за нови градинки, за подобра инфраструктура за продолжување на оној инвестициски замав којшто започна уште со претходниот градоначалник, а сега министер за транспорт и врски, Бочварски. Како Влада и како партија покажавме дека се грижиме и инвестираме во истокот. Затоа Штип ја доби шансата да има свој кадар којшто ќе го ракводи со министерство, многу важно за сите општини.

„Но, сега е моментот кога Штип треба да обезбеди континуитет во инвестициите во градот, инвестициите во луѓето и таква гаранција е токму Сашко Николов, кој што покажа дека знае што работи, знае како тоа да го сработи и знае да им помогне на огромен број луѓе. Не случајно велиме Штип да го дадеме да биде во сигурни раце. Во исто време гласот за нашиот кандидат е глас и за поголемо младинско учество во политиките на водење на градот, но и за поголема шанса за рамноправност на жените во Штип.

Токму овде темите кој што се однесуваат и на родовата еднквост се важни и од тука доаѓаат и многу јаки жени кој што зборувале и се бореле за ваквата политика. СДСМ секогаш беше партија која што одеше еден чекор пред останатите, и кога прв пат избра жена претседателка и јас ја добив таа чест кога бев единствената заменик претседателка на големите партии како жена“, истакна Шеќеринска и додаде:

Кога ја воведовме првата женска квота во партиските структури и сега кога ја направивме оваа голема промена Форумот на жени на СДСМ практично да биде дефиниран во статутот и за прв пат да воведеме еднаквост помеѓу мажите и жените во сите партиски органи. Тоа жените во цела Македонија го знаат, но тоа го знаат и жените во Штип, и гласот за нашиот колега е и глас за таква политика.

Да добиваме еднакви шанси и мажите и жените, да се инвестира во сите нас и да се решаваат проблемите. Ги повикувам сите граѓани на 13 декември да не ја испуштаат оваа шанса, и на човекот кој што веќе толку даде на Штип да му дадат шанса, да ја остават општината и да ја дадат во навистина сигурни раце, истакна Шекеринска.

На почеток