Македонија

Утре протест во 11 градови: Оставка на Заев, слобода на народот!

Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Тие додаваат:

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (30.11.2020) во 18:00 часот на протест во 11 градови. Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев.
Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!

На почеток