Македонија

д-р Беќаровски: Се зголемува бројот на обиди за самоубиство – психички полабилни особи не можат да го издржат

Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20% се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите, кажа д-р Нино Беќаровски, од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.

„Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи“ кажа д-р Беќаровски.

На почеток