Македонија

Министерството за животна средина купи телефонска централа која може да ја снима фиксната телефонија

Додека трае истрагата кој и колку време ги снимал разговорите на фиксната телефонија на седумдесетина обвинители министерството за животна средина и  просторно планирање склучува договор за набавка на телефонска централа по терк на онаа во Обвинителстваото, со можност за снимање и преслушување на комуникацијата, пишува Телма.

Тендерот за набавка на централата вредна 1,7 милиони денари го добива Телеком а договорот е склучен на 6 ноември, во време кога паралелно во Обвинителството веќе е отворена предистрага за следењето на комуникациите а за која знаеле и МВР и премиерот Заев. Потписници се министерот Садула Дураку и двајца претставници  на Телеком.  Во понудата на Телеком, која е наведена во документацијата, стои дека во телефонската централа која ќе биде доставена до министерството ќе биде инсталиран софтвер за снимање и преслушување на повиците.

Според спецификациите, во системот ќе биде вграден хард диск преку кој може да се изберат неколку критерими за снимање, дојдовни или појдовни повици, сите повици на фикасната телефонија или пак снимање на одредени линии и локали. Постои можност да се известува дека повикот се снима, како и можност да се преслушуваат и пребаруваат снимените разговори според датум, време, локал или тип на повик.

Материјалите складирани на хард дискот потоа можат да се извлечат на надворешен хард диск.

Останува нејасно како една државана институција набавува телефонска централа со можност на снимање на разговорите на вработени во моментот кога Владата обвинува за скандал од ист тип за кој се води истрага. Премиерот Заев воздржан околу тоа дали ќе побара поништување на договорот или измена на спецификацијата во телефонската централа и остранување на спорниот софтвер.

Од друга страна пак, министерската за правда Рената Десковска, изјави дека веќе побарала да се провери каква телефонска централа има во министерството за правда и дали се снимале разговорите на вработените.

Околу истрагата за снимените разговори во обвинителството и кривичен суд, засега нема никаква информација кога точно почнало снимањето, кога точно било откриени, кој ги снимал разговорите, дали се извлечени од хард дисковите и евентуално злоупотребени.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток