Македонија

Дали сите болни од ковид-19 добиваат еднаков третман или системот и во Србија и во Македонија ги крши правата на некои пациенти?

Дали сите болни од ковид-19 добиваат еднаков третман или системот и во Србија и во Македонија ги крши правата на некои пациенти?

Многу болни од ковид-19 доцна се јавуваат на лекар, е едно од најчестите објаснувања на лекарите и Министерството за здравство на прашањето – зошто има толку смртни случаи. Поради тоа решивме и самите да го изодиме патот што го поминуваат болните, зашто, пак, пациентите тврдат дека системот е спор, објави 360stepeni.mk.

Прв чекор – побаравме тест преку матичниот доктор.

„Се јавувам да прашам за тестирање за ковид-19. Имав контакт со заболено лице пред околу една недела. Имам кашлица, омалаксаност, главоболка…“му објаснувам на матичниот лекар.

Во телефонскиот разговор направен на 24 ноември со мојот матичен доктор добив одговор дека нема термини за ПЦР тест за ковид-19 преку моето здравствено осигурување. Ако инсистирам на тест „на државно“, советот беше да се јавам во понеделник, на 30 ноември, за повторно да се проверат термините.

„Можам да ви го посочам приватниот, тој што се плаќа во Центарот за јавно здравје“, вели матичниот лекар.

Бидејќи никој со температура и симптоми не би чекал повеќе од една недела само за тест, веднаш се обидов да закажам термин во Центарот за јавно здравје, каде тестот би го платила од џеб. Ама и за таму се чека една недела.

-Прв слободен термин за приватно тестирање имате вторник, цената е 2 800 денари.

-Следниот вторник?

– Да

велат од Центарот за јавно здравје.

Единствената преостаната опција беа приватните болници и лаборатории, каде тестот чини до 4 000 денари. Веднаш најдов термин, а резултатите стигаат најдоцна за 24 часа.

-Било кое време можам да закажам?

-Па, да кажете во колку, ќе закажеме има слободно.

-Ви благодарам.

Без направен тест и без преглед, добив уверување од матичниот доктор дека може да ми препише антибиотик – сумамед, а дополнителните тестирања, како за Д-димери, морам да си ги платам сама.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

фото: 360stepeni.mk

На почеток