fbpx
вто. Јан 19th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Почина Лазо Голужа, творецот на „Квискотека“

Новинарот и уредник во Хрватската телевизија и автор на „Квискотека“ Лазо Голужа почина денеска во Загреб на 85-годишна возраст.

Информацијата за хрватските медиуми ја потврди неговиот син Доминик Голужа.

Голужа  даде најголем придонес во областа на квизовите, меѓу кои се: „Три, два, еден … но вреден“, „Песочен часовник“, „Бројки и букви“.

Негов најпознат проект е „Квискотека“, која за првпат беше емитувана во 1979 година и ја водеше Оливер Млакар и беше многу популарна во поранешна Југославија.

извор: МИА