Скопје

На Водно некој поставил замки за животни, граѓаните се револтирани: Денеска фатиле лисица, што ако се фати куче или дете?

На Водно некој поставува замки за животни во непосредна близина на патеките по кои се рекреираат граѓаните кои сакаат да избегаат од скопското загадување.

На фотографиите испратени до редакцијата на „Република“ се гледа како лисица е фатена на замката направена од сајла врзана за околните дрвца.

Притоа, вознемирените граѓани, кои на прошетка биле со своето четиригодишно дете, велат дека во околината забележале уште најмалку една таква замка, која, за среќа, била празна без уловено животно.
Како што посочуваат, замките се добро маскирани меѓу лисјата и гранките и тешко се забележуваат.

извор: „Република“

На почеток