Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО – Видое Видически годинава ја добива наградата Свети Климент Охрид Патрон на Охрид

Писателот и поет Видое Видчески годинава ја добива наградата „Свети Климент Охрид Патрон на Охрид“ – ексклузивно дознава Охрид1 од извори во кабинетот на Градоначалникот.

Видое Видически, поет, прозаист и драмски автор. Роден е во Охрид на 8 јануари 1931 година и денес е  е жива легенда на охридската и македонската писателска сцена и историја.

Основно образование и гимназија завршил во својот роден град, Филолошки факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 г.

По завршувањето на средното образование, работел како постојан дописник на Радио Скопје  од Охрид. По половина година прекинува со работењето за да започне со редовни студии во Скопје.

Во 1955 г. како прв директор го основа Околискиот историски архив во Охрид.Две години подоцна  основач и прв директор е  на локалната радиостаница  Радио Охрид.Во 1962 г. поставен е за директор на Домот на култура „Моша Пијаде” во Охрид и тука работи се до своето пензионирање. Тој е и еден од иницијаторите за формирање на музичко – драмскиот фестивал „Охридско лето” а потоа и еден од неговите раководители.

Во 1969 г. како директор на Домот на културата  му го менува името во Дом на култура „Григор Прличев” и од тогаш во чест на големиот творец ја организира манифестацијата „Прличеви беседи” во Охрид.

Видое Видически автор е на делата :

СИНИ ПИТОМИ УТРИНИ, песни издадени 1959 г.

БРЕГОВИТЕ СЕ НЕМИРНИ, драма изведена 1961 г. а печатена 1963 г.

БАЛАДА ЗА ОРКАНАТА, драма печатена 1964 г. а изведена 1968 г.

ГОЛЕМАТА ШУМА – прв дел, рома за деца и млади издаден 1970 г.

МАЛИОТ ОДРЕД, тв серија од 10 епизоди снимена и емитувана 1977г. на ТВ Скопје.

ГОЛЕМАТА ШУМА, прв и втор дел, роман за деца и млади издаден  1986 г, а 1994 г. го доживува петтото издание.

ВЕЧЕРЕН ПЕЈЗАШ ОД ГРАДОТ, песни издадени 1988 г.

ТАИНСТВЕНИ ВОДИ, роман за деца и млади издаден во 1990 г. а во 1994  доживува второ издание.

ЗАРОБЕНИЦИ НА ВЕЧЕРНИТЕ ИГРИ, раскази издадени  1993 г.

ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНИТЕ РОЗИ, роман за деца и млади издаден 1994 г.

ПРИКАЗНИ ЗА ДАМЈАНА, раскази за деца издадени 2003 г.

КАЖУВАЊЕ НА ЗАДОЦНЕТИОТ ПРОРОК, песни  издадени 2003 г.

ВИЕ  песни издадени 2009 г.

БИЛЈЕ КРАЈ ЕЗЕРОТО – избор од поезија 201

Објавил повеќе песни и раскази во периодиката  и дневниот печат.Застапен е во зборници и антологии. Преведуван е на: италијански, француски, руски, турски и романски јазик.

Добитник е на :

Наградата на РТС  на Струшките вечери на поезијата во 1971 г.

Награда на книгоиздателството „детска радост” од Скопје за најдобра книга  меѓу двата САЕМА НА КНИГАТА  1994 г.

Издавачката куќа „Дијалог” од Скопје за збриката песни ВИЕ го награди Видически со награда за најдобра книга за 2009 во конкуренција на 12 наслови од сопствената продукција.

Во 2014 година на 13 јули Друштвото на писателите на Македонија го прогласи Видое Видически за ВИТЕЗ НА МАКЕДОНСКИОТ ПИШАН ЗБОР

Добитник е СЕДМО НОЕМВРИСКА НАГРАДА  на град Охрид  1977 г.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток