Свет

Во Врање, пациент починал додека чекал во ковид-амбуланта

Пациент кој чекал за преглед утрово починал во чекалницата на ковид-амбулантата во Анти туберкулозниот диспанзер во Врање, пренесуваат српските медиуми.

Како што се наведува, човекот неколкупати рекол дека не му е добро и се срушил на подот. Дежурната докторка, која излегла на лице место, го пријавила случајот во полиција.

Другите пациенти биле замолени да ја напуштат зградата.

На почеток