Македонија

Унгарија се уште не одговора за екстрадицијата на Груевски

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на екс  премирот Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, информираше денеска министерката за правда Рената Тренеска Десковска.

-Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат. Сакам да напоменам дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај, рече министерката на попладневната прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која беше промовиран нов закон за намалување на казните за прекршоци.

За потсетување поранешниот премиер Никола Груевски, избега во Унгарија, каде доби политички азил, пред отслужувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на луксузен мерцедес.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток