Скопје

Митевски: Марин во време на пандемија ќе потроши 3.200.000 денари за набавка на опрема за озвучување и хепенинзи

Во време на пандемија, национална катастрофа, максимално загадување, наместо да се посвети на реалните проблеми, Златко Марин не губи време за криминални тендери.  Наместо за помош на семејствата за набавка на ИТ опрема за потребите на учениците или преземање на конкретни мерки против загадувањето, градоначалникот троши наши пари на непотребни работи, истакна Дејан Митевски, претседател на ОК Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ.

Митевски додаде:

Тендер власта предводена од СДСМ и Марин во време на пандемија ќе потроши 3.200.000 денари за набавка на опрема за озвучување и хепенинзи. Чекаше повеќе од 8 месеци по спроведена постапка за јавна набавка да потпише договор со фирма која е чест добитник на тендери во општина Аеродром, чија понуда доставена во март 2020 година е истечена, а дополнително, со договорот заради техничка соработка се ангажира и компанија која престанала да постои во мај 2020 година.

Како да му беше малку, па распиша и тендер за новогодишно осветлување за потребите на општина Аеродром, кој се уште не знаеме колку ќе не чини. Немаше друга побитна работа во општината да се сработи, дојдено беше до новогодишни прослави и осветлувања.

По примерот на Шилегов, можеби ќе се обиде и да го оправда и овој тендер, дека е во интерес на граѓаните, но освен за негов личен, Марин не знае за друг интерес.

На криминалите на власта им нема крај.

Почнувајќи од централна, преку градска и општинска власт, знаејќи дека им изминува времето и за многу скоро ќе одговараат за сите криминали, тендери, распродажби и понижувања, се обидуваат да зграбат што е можно повеќе.
Па така, приоритет им се тендерите и зградите, а не потребите на граѓаните.
Ова мора да се промени многу брзо, а одговорност да сноси секој кој постапил спротивно на законот, истакна Дејан Митевски.

На почеток